Познатата актерка Никол Кидман за време на едно интервју во Мелбурн, откри бројни детали од својот приватен живот. Актерката која е во 49-та година од својот живот сподели како се почувствувала кога и кажале дека никогаш нема да може да роди деца. Но, сепак, кога тоа се случило, на нејзината среќа и немало крај.
Студент од Холандија, Милан Шипер, бил воодушевен кога успеал да купи карта за Сиднеј по поволна цена, но вистинското изненадување следувале кога слетал. Наместо во Австралија, тој се нашол во Канада.
Дали некогаш сте се прашале колку е посакуван австралискиот пасош? Имаме добри и лоши вести. Лошата вест е дека австралискиот пасош не е најсилен на светот, но добра вест е што се наоѓа меѓу првите 20.
Новозеландскиот премиер Бил Инглиш изјави дека неговата земја треба да се потпира на гастарбајтерите, бидејќи многумина жители не можат успешно да ги поминат тестовите за наркотици на работните места, јави ДПА.
По формалните разговори меѓу Малком Турнбул и индонезискиот претседател Јоко Видодо, Австралија и Индонезија ги подобрија односите за целосно да може да се обноват одбранбените врски.
Суперѕвездата Адел ја изненади пријатно публиката на концертот во Перт. Освен со музиката, таа ги израдува фановите и со банкноти од 20 долари.
Економијата на Австралија во четвртиот квартал минатата година забележала силен раст со што оваа економија го продолжи 25 годишниот период без рецесија.
Пратеник во парламентот од редовите на либералите вели дека владата на Турнбул активно ги разгледува промените на данокот за домување, за да ги направи подостапни.
Микронацијата која се наоѓа во Западна Австралија доби нов лидер од кога 91 годишниот самопрогласен принц абдицираше поради лоша здравствена состојба.
Австралиските истражувачи велат дека обрежувањето може да биде корисно колку и вакцинацијата при заштита на момчињата од одредени инфекции.
Американскиот претседател Доналд Трамп си го губи времето, напаѓајќи ги медиумите за нивните критички текстови за активностите на неговата Влада, изјави австралискиот прајминистер Малколм Турнбул, цитиран од британските медиуми.
Самоизолацијата станува реалност во Австралија каде што луѓето сè почесто ги напуштаат областите во кои се населени многу мигранти, особено исламско население, вели сенаторот Малколм Робертс, пренесува порталот „Брејтбарт”.
Австралиските власти имаат во план оваа година да убијат повеќе од еден милион кенгури за да ги заштитат загрозените засади, дворишта, а и дивите животни, пренесува BBC.
Австралиската католичка црква исплати 276 милиони австралиски долари на жртвите кои биле сексуално злоупотребувани од 1980 година до денес.
Парите се поделени меѓу илјадници жртви, објави Кралската комисија за институционални одговори при сексуална злоупотреба на деца.
Досегашната министерка за државен трезор, Гладис Берџиклиан стана 45-от премиер на Нов Јужен Велс од кога за нов лидер едногласно ја одбра Либералната партија по формалната номинација за време на состанокот на клубот на пратеници во парламентот на Нов Јужен Велс. А Доминик Перотети, досегашниот министер за финансии е новиот заменик лидер на Либералната партија, соопшти Крис Патерсон, претставник на партијата.
Фирмата “Carman’s” од Австралија основана е во 1992 година. Каролин Кресвел, тогаш 18 годишна студентка, ја купи малата компанија во која работела скратено работно време. Вредноста на нејзината компанија денес се проценува на $60 милиони, а медиумите ја нарекуваат „Кралицата на муслите”.
Владата на Турнбул веројатно нема да се спротистави на притисокот кој доаѓа од сопствените редови за откажување од поставените цели за обновливите извори на енергија, со напуштање на парискиот договор за намалување на климатските промени, дури и ако САД тоа не го направи.
На одбележувањето на овој празник учествуваа неколку стотици илјади луѓе ширум Австралија. Во Мелбурн државјаните на Австралија со потекло од други земји на традиционалната парада ги носеа знамињата на земјите од каде доаѓаат како и знамето на Австралија.