developer | 22.11.2016

Признавање за постигнат договор за оружје

Премиерот Малком Турнбул одби да одговори на прашањето дали Тони Абот се занимава со „напади од заседа” од кога Кристофер Пајн призна дека е постигнат договор за ору­жјето.

developer | 22.11.2016

Несреќа во забавниот парк Дримворлд, четири жртви

Наместо забава – трагедија. Четворица загинаа во несреќа во тематски парк во популарниот Голд Кост во Квинсленд. Според управата на “Дримворлд”, двајца мажи и две жени загинале за време на брзото возење со сплав низ воден канал.

developer | 07.11.2016

Зголемена поддршка на партијата на Полин Хенсон

Коалицијата најмногу губи поради зголемената поддршка на партијата One Nation на Полин Хенсон. Анкетата на Newspoll покажува дека пораснала поддршката на партијата One Nation во долниот дом на 6 одсто. На денот на изборите таа била 1,3 одсто. Во Квинсленд малата партија привлече 10 одсто од гласачите, што е зголемување во однос на 5,5 одсто кое го имаше во јули. Во Нов Јужен Велс и Западна Австралија, One Nation има поддршка од 6 одсто. Во истиот период поддршката кон коалицијата падна за 3,1 одсто и сега изнесува 37 одсто.

developer | 07.11.2016

Прајминистерот ги отфрла обвиненијата за лош тертман кон бегалците во Науру

Обвиненијата од Амнести Интернешнал дека австралискиот бегалски логор Науру е „олицетворение на тортура” целосно се погрешни – тоа е ставот на австралискиот прајминистер.

developer | 07.11.2016

Тинејџери приведени во Сиднеј, планирале напад

Припадници на антитерористичката единица на австралиската полиција во сиднејското предградие Бенкстаун упасија двајца тинејџери, осомничени за терористички активности.

developer | 07.11.2016

Лабуристите го задржуваат водството над Коалицијата

Бил Шортен има добра причина за насмевка затоа што според резултатите од последната анкета на Newspoll, Лабуристичката партија води пред Коалицијата.

developer | 02.11.2016

Абориџините се најстарата цивилизација на земјата

Опширно истражување со ДНК анализи го потврди она во што домородните Австралијци и жителите на островот Торес Стрејт веруваа – дека се најстарата жива цивилизација на планетата.

developer | 02.11.2016

Австралија ќе врши притисок врз Русија за соборениот малезиски авион

Најави дека ќе ги поддржи напорите на ОН за судско гонење на одговорните за соборувањето на патничкиот авион којшто се урна во Украина во 2014-та година.

developer | 26.10.2016

Австралија се плаши од муслиманските бегалци

Иако по големина на територијата е шеста на светот, а по број на жители одвај малку поголема од поранешна Југославија, Австралија одбива да ги отвори вратите на се поголем број муслимански бегалци и така барем малку да ги намали последиците од судирите во кои и таа учествува.

developer | 26.10.2016

Австралија се извини за нападот врз сириската армија со 62 убиени

Австралиското министерство за одбрана изрази сочувство до семејствата на 62 сириски војници убиени во воздушниот напад изведен од коалицијата предводена од САД.

developer | 17.10.2016

Прелевање на реката Glenelg

Веќе е трета недела од пролетта, а жителите на Викторија се соочуваат со зимски услови и обилни дождови. Во текот на минатата седмица низ целата држава врнеше и изгледа дека дождот нема наскоро да престане.

developer | 17.10.2016

Една година од сменувањето на Тони Абот

Прајминистерот Трнбул, годишницата од рушењето на Тони Абот ја дочека во Федералните држави на Микронезија каде присуствува[e на Форум на пацифичките островски држави.

developer | 17.10.2016

Малколм Трнбул: Јас сум најсреќниот прајминистер на Австралијa

Австралискиот прајминистер Малколм Трнбул се прогласи себе си за „најсреќниот прајминистер” во историјата на земјата.

developer | 28.09.2016

Поевтинување на некои лекови

Пациентите од следниот месец ќе одвојуваат помалку пари за над 2000 лекови за лекување на вообичаените состојби, нивната цена ќе падне дури за 20 долари по рецепт.

developer | 28.09.2016

Владата во раскол околу промената на доприносите за пензија

Федералната влада сама ќе го предизвика расколот околку предлог вреден $6 милиони долари, предлог за промена во доприносите за пензија, велат лабуристите, по извештајот за расправата на оваа тема меѓу Тони Абот и Скот Морисон, министерот за финансии.

developer | 28.09.2016

Австралија бара поголема соработка со земјите од Југоисточна Азија против заканите од ИД

Австралија ќе им понуди поголема помош на земјите од Југоисточна Азија за спречување на можни терористички напади во регионот, јавуваат светските медиуми.

developer | 14.09.2016

Нова главоболка на прајминистерот

Судир на ега на новите сенатори во Горниот дом е кошмар што прајминистерот Малком Трнбул се труди да го избегне. Бидејќи за оваа недела е превиден вистински цунами на законодавни промени, владата мора да се соочи со независните сенатори кои не се сигурни во многу работи, освен во својата важност.

developer | 14.09.2016

Канадски туристи уапсени со кокаин вреден 30 милиони долари

Две девојки и еден маж, државјани на Канада се уапсени во Австралија за шверц на дрога додека крстосувале со брод.
Најден е приближно 95 килограми кокаин, спакуван во пакети во нивните куфери, изјави Федералната полиција во Австралија.