Два австралиски воени бродови оваа седмица ќе се придружат на кинеската морнарица на заеднички воени вежби во Јужното Кинеско Море, потврди австралискиот министер за одбрана, Мафис Пејн.
На листата на најдобри градови за живот на прво место се најде Сиднеј, а и второто место му припадна на австралиски град, со што најмалиот континент го прави најдобро место за живеење на планетата.
Карли Џаде Пеарс – Стивенсон и нејзината ќерка Кандалиc Пеарс, исчезнале во 2008 година, но неодамна беше откриено дека се убиени, откако полицијата годинава ги пронајде коските на девојчето во куфер покрај автопат во Јужна Австралија. Случајот започна да се разјаснува со поддршка на јавноста.
Во Перт се одржа основачкиот конгрес на десничарската партија Австралиска алијанса за слобода (АЛА), чија главна парола е „борба против исламизација на земјата”, јави ТАСС.
Две лица се убиени во престрелката што во петокот се случи во Парамата сателитскиот град на Сиднеј, пред седиштето на полицијата на Charles Street.
Во соопштението на полицијата се вели дека била извршена размена на оган со вооружено лице, како и дека полицијата почнала да пука, откако полицаецот Куртис Ченг (58) бил убиен од фундаменталист облечен во црна типично муслиманска облека.
15-годишниот тинејџер од Велика Британија е осуден на доживотна робија поради планирање на напад на полицајци на една парада во Австралија.
Тинејџерот од Блекбурн, кој по ништо не се разликувал од своите врсници, со одлука на судот поради неговите години ќе остане анонимен, а BBC истакнува дека станува збор за „најмладиот осуден британски терорист”.
Доскорешниот австралиски премиер Тони Абот смета дека непотребно бил сменет од функцијата, со надгласување на пратениците од неговата Либерална партија.
Во првото интервју по сменувањето, Абот изјави дека е уверен оти либералите ќе победеле и на следните парламентарни избори, со него како партиски лидер, доколку не беше тргнат од лидерската и премиерската функција, од Малколм Тарнбул.
Двочасовниот штрајк на работниците на аеродромите во Австралија предизвика доцнење на меѓународните летови.
Според најавите на штрајкувачите тие ќе го продолжат со прекини на работата до крајот на месецот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Ли изјави дека Пекинг очекува Австралија да не зазема став и да не се меша во решавањето на споровите околу сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море.
Медицинското здружение на Австралија, АМА, побара да се забрани боксот после трагичната смрт на 28-годишниот Дејвид Браун Џуниор како последица на нокаут.
Основачот на интернет ресурсот за обелоденување на политички скандали WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж во интервју за магазинот Society изјави дека бил изневерен од францускиот претседател Франсоа Оланд кога откажал да му даде азил.
Австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп изјави дека војната против џихадистите од Исламската држава може да потрае со години, што значи дека и улогата на Австралија во таа борба може да трае долго време.
Австралискиот прајминистер Тони Абот соопшти дека военото воздухопловство ќе се вклучи во воздушните напади врз позиции на групата Исламска држава во Сирија.
Сенаторот Бернарди зборуваше против прифаќање на повеќе бегалци посочувајќи го примерот на таткото кој на патот меѓу Турција и Грција го изгуби целото семејство, притоа ризикувајќи го животот на своите синови и на својата сопруга за да може во Западна Европа да ги поправи своите заби.
Доколку сакате да ги запрете смртните случаи, ако сакате да го спречите давењето, треба да ги спречите бродовите, изјави австралискиот прајминистер Тони Абот
Австралискиот прајминистер Тони Абот изјави дека групата „Исламска држава” е полоша од нацистите за време на Втората светска војна, јави ДПА.
Главните градови на Индија и Индонезија се најдоа при врвот на листата на градови од кои туристите носат лоши спомени и не би сакале повторно да ги посетат.
Рик Трип од Австралија успеал да направи фотографии од подводна борба до смрт меѓу морска змија и риба, а неговите фотографии станаа хит на интернет, пренесува BBC.