developer | 03.02.2019

Виси цензусот за претседателските

ВМРО-ДПМНЕ веќе една седмица ја повикува власта да се сложи заедно со претседателските избори да се одржат и предвремени парламентарни. Зоран Заев, пред да замине на скијање во Германија, диломатски изјави дека “не е време за парламентарни избори, ама бидејќи повикот доаѓа од најголемата опозициска партија е должен сериозно да го разгледа”.

developer | 03.02.2019

Белгиец разоткри македонска мрежа на лажни вести зад која стои поранешен офицер на АРМ

Истражувањата на Белгиецот откриваат дека мрежата на Бојковски со години веќе креира лажни и бомбастични содржини на интернет кои започнале со стории за мотори и голи гради, но тоа не им носело доволно пари, објаснува Схенк. Па, така, набргу, Бојковски и неговите соработници се свртеле кон стории против муслиманите и разни теории на заговор, за педофилија и, се разбира, во полза на Доналд Трамп. Со една лажна вест заработувале околу сто евра дневно.

developer | 03.02.2019

Го повикал во викендичка во Росоман за да се раздолжат, а таму го чекал со пиштол и двајца други

Триесет и осумгодишен жител на селото Росоман во полицијата во Кавадарци во вечерните часови на 6 јануари пријавил дека истиот ден бил физички нападнат во викендичка во селото која е во сопственост на скопјанец.

developer | 24.01.2019

„Службен весник“ ја објави промената на Уставот

В саботата, на 12 јануари, ден по изгласувањето на одлуката за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, шестиот број на „Службен весник” за годинава ја објави промената на Уставот. Одлуката ја потпишал претседателот на Собранието, Талат Џафери.

developer | 24.01.2019

Русија не се согласува со промената на името на Македонија и ќе го постави предметот пред Советот за безбедност на ОН

Промената на името е против волјата на народот. Ова прашање мора да биде разгледано од Советот за безбедност на ОН во согласност со точка 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, соопшти руското МНР.

developer | 24.01.2019

Драчевци во шок по грозоморното убиство на 66-годишната жена

Истражителите кои го вршеа увидот раскажуваа дека глетката била грозоморна. Во собата имало локви крв, а на ѕидовите исцртани крстови. Го видов А.Р. кога го изнесуваа полицајците со лисици на рацете. Изгледаше како да направил херојско дело. Насмеан и со лисици излезе од куќата, раскажува младо момче кое се затекнало на самото место во моментот. 

developer | 14.01.2019

Викиликс: Никола Димитров бил „заштитен извор” на амбасадата на САД

Организацијата Викиликс тврди дека актуелниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров во два наврати бил заштитен извор на амбасадата на САД.

developer | 14.01.2019

Поднесени седум амандмани на уставните измени: Никој не сака да има Северномакедонци

До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од БЕСА, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

developer | 14.01.2019

Укината затворската казна за дедото на малата Тамара

Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, по жалбата на неговите адвокати е пуштен да се брани од слобода.

developer | 25.12.2018

Заев: Доколку Грција не го ратификува Договорот, овие измени нема да важат

– Мојата заложба беше и останува подадена рака во име на просперитетот на сите граѓани и на нашата земја, мојата заложба беше и останува политичките решенија за нашата иднина да ги прифаќаме како добри или лоши, рече премиерот, Зоран Заев, на дебатата во Собранието за утврдување на нацрт-амандманите.

developer | 25.12.2018

Уште еден чекор до официјална промена на државното име

Само три дена им беа потребни на пратениците во Собранието на РМ за да ги изгласаат четирите нацрт-амандмани со просто мнозинство во втората фаза од уставните измени.

developer | 13.12.2018

Груевски намерно градел слика дека се подготвува за затвор

Според неофицијални информации, тој ги распрашувал членовите на обезбедувањето дали имаат увид кој затвор има најдобри услови, па дури и нарачал да му купат парчиња облека за затворските денови.

developer | 13.12.2018

Заев: Како четири наши пријателски земји, ем три од нив во НАТО, го дозволиле бегството на Груевски?

Да почекаме, истрагата ќе ги открие деталите за бегството. Откако станав премиер со него сум немал комуникација 

developer | 13.12.2018

Тече второто судење за “Монструм“

Пораки од Фејсбук, мејл и МСН на обвинети и роднини меѓу доказите.

developer | 06.12.2018

Бегството на Груевски е конзуларна операција, каква игра се спрема за Македонија?

Спасов: “Сега треба некој да биде сменет за да не биде сменет оној што има најголема доверба – премиерот”;
Диневски: “Со бегството на Груевски се поништуваат придобивките од Шарената револуција која придонесе за смена на власта со паролата – Нема правда, нема мир!”

developer | 06.12.2018

Вучиќ потврди дека Груевски минал низ Србија во унгарско друштво

Српскиот претседател Александар Вучиќ дури во понеделникот, на 19 ноември, во телевизиско интервју потврди дека Груевски поминал преку Србија на патот до Унгарија. Границата кај Хоргош ја преминал рано наутро на 12 ноември во придружба на двајца Унгарци и со привремен документ.

developer | 06.12.2018

По неколку месечна истрага – паднаа пет македонски дилери

По повеќемесечна истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе обвинителен акт против пет лица, македонски државјани, од кои четворица се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, додека едно лице е обвинето за помагање при извршување на кривичното дело.

developer | 22.11.2018

Спасовски: Одговорноста е кај судиите што не одредиле притвор за Груевски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не размислува за оставка од функцијата по неуспешниот обид на полицијата да го приведе екс-премиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шуто Оризари.