Писателот Божин Павловски реагира на изјавите дадени од официјални лица во Бугарија како и на изјавата на премиерот, Зоран Заев, во врска со контроверзијата околу Илинденското востание и полемиката меѓу двете земји дали е македонско или бугарско.
Пентагон ја поздрави одлуката на Македонија да ја прифати групата нејзини државјани, кои како странски платеници се заробени во Сирија.
Ниту приврзаниците на референдумот, ниту нивните противници не попуштаат од своите ставови, но во таа нивна „војна”, речиси никој и од двете страни не го отвора прашањето што ако референдумот и членството во НАТО и во ЕУ пропаднат.
Ако Македонците во иселеништво бојкотираат, Албанците ќе ги наполнат кутиите.
Неолитскиот локалитет „Врбјанска чука” во атарот на општина Кривогаштани (Прилепско), датира до 5,900 години пред нашата ера и бил голем производствено-стопански центар во Пелагонија со посебни карактеристики, невообичаени за Македонија и за Европа. Ова се најновите сознанија на археолозите по анализите на пронајдените остатоци од локалитетот.
Членот на светиот Синод на МПЦ – ОА, повардарскиот митрополит г. Агатангел испрати отворено писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое го повикува да донесе одлука за бојкот на референдумот.
Речиси АУ$ 5.4 милиона ќе ја чини државата референдумот за името. Парите ќе бидат покриени од државниот буџет, но ќе се прави прераспределба на средствата од министерствата и другите државни институции.
Охрид од 12 јули се до 20 август ќе ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи фестивалот „Охридско лето” – најголема и најреномирана музичко-сценска манифестација во Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Магазин” вели дека никогаш, ама баш никогаш нема да се согласи со капитулантскиот договор на СДСМ за името.
Овој број на “Today-Денес” веќе ќе биде во вашите раце кога се очекува дека во Брисел ќе се случи историската покана до Македонија за приклучување во НАТО.
Меѓу 10 и пол и 13 и пол години затвор добија седумтемина обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април минатата година.
Владата не брза со распишување на референдумот. Прво сака добро да го “подготви” теренот
Имаме тефлонски политичари: се гаѓаа со тешки зборови, а ништо не им се “залепи”.
Триесет и едно љубовно писмо од Кочо Рацин до Рахилка (Раца) Фирфова, неколку напишани со негова крв, за првпат јавно се претставени во фоајето на Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски” во Скопје.
РЕЧЕ И НЕ ОДРЕЧЕ!
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.
– Ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и НАТО.
Светски познатиот археолог Захи Хавас деновиве ги посети археолошкиот локалитет Стоби и Неготинскиот музеј, во рамки на неговата посета на регионот, по повод празнувањето на 24 јуни – Денот на балканските Египќани.
Петнаесетина повредени (од кои половината полицајци), 26 приведени (повеќето пуштени по записник во полициска станица, од кои шетстмина малолетници) е билансот од протестот што пред македонското Собрание вечерта (недела, 17 јуни) по потпишувањето на Спогодбата со Грција.