developer | 20.01.2017

Груевски стана мандатар, Беса и Алијансата јавно кажаа дека нема да соработуваат со него

 

Уставот на РМ му дава можност на Никола Груевски до 29 јануари да се обиде да собере парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Се до изборот на новата Влада, премиер останува Емил Димитриев со неговиот владин кабинет што сосема им одговара на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ

developer | 02.01.2017

За четири месеци 240 обиди за илегални премини на Меџитлија

Во изминатите 4 месеци на граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница биле регистрирани 240 обиди за илегални премини на македонска територија. Ова го изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов при посета на граничниот премин Меџитлија, простор кој што е прогласен за кризно подрачје поради закана од илегална миграција.

developer | 02.01.2017

Џамбазов: што значи да си најстар композитор по години и по стаж!

Во книжарницата „Литература МК” беше промовирана монографијата „Маестро Александар Џамбазов – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции” од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска.

developer | 02.01.2017

Роман од Божин Павловски номиниран за Меѓународна награда за литература Даблин

Романот „Рогот на љубовта” од Божин Павловски, предложен од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје, е во конкуренција за престижната Меѓународна награда за литература Даблин (International Dublin Literary Award) за 2017 година.

developer | 05.12.2016

Гостување на Битолскиот театар во Санта Барбара

На четири различни локации во Музејот на Санта Барбара во Калифорнија, САД, минатата седмица беа одиграни четирите кратки претстави инспирирани од Сонетите на Шекспир кои премиерно беа изведени летово на 4. Интернационален „Битола Шекспир фестивал”. Во нив се вклучени уметници од Народниот театар – Битола и од компанијата „Лит Мун” од Санта Барбара.

developer | 05.12.2016

Распродадени трите претстави на “Клеопатра“

Според Олга Панго, уметничка раководителка на балетот, „Клеопатра” е спектакл од рангот на оние што се играат на сцените на најголемите светски балетски куќи.

developer | 30.11.2016

Пропагира Македонија како Швајцарија – прво двојазична, после и кантонизирана?

Ванчо Михајлов, лидерот на ВМРО (впрочем како и сите негови претходници), сметал оти Македонија треба да биде независна држава по теркот на Швајцарија која е составена од делови на соседните народи: Германци, Французи и Италијанци. Во нашиот случај тој сметал дека независна Македонија би била составена од Бугари, Срби, Албанци, Турци… етнички Македонци кај него нема! Кај Заев си ги има Македонците, ама со тоа што ги тера да го учат албанскиот јазик ги сведува на ниво на малцинството.

developer | 30.11.2016

Република Македонија можеби ќе треба да плати од 36 до 360 милиони евра за нелегалното прислушување

Најмалку 14 новинари веќе водат постапки за да се утврди кој ги прислушувал и ќе бараат дебело обесштетување
Најмалку 5.800 лица биле прислушувани без судска наредба (нелегално) во периодот од 2008 до 2015 година, соопшти на прес-конференција во петокот Специјалното јавно обвинителство.

developer | 30.11.2016

Во „Таргет“ осомничени 10 лица од УБК – незаконски прислушувале десетици илјади граѓани!

Јанева: Згазени се темелите на уставниот поредок
Дваесет и пет години по донесувањето на Уставот на Република Македонија (17 ноември 1991 година), темелите на уставниот поредок се уништени со следењето на повеќе илјади лица од 2008 до 20015 година, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот на прес-конференцијата на која беше обелоденета новата истрага, деветта по ред на СЈО, насловена „Таргет”.

developer | 30.11.2016

Фридман: Зборовите „пари“, „апси“, „уапси“, „глуп“ и „ѓубре“ се најчесто употребувани во објавените „бомби“

„Во текстот на ‘бомбите’ излегува дека ‘будала’ е во јака конкуренција со ‘идиот’, кој се среќава со истиот број појавувања. Друга модерна заемка ‘морон’ се појавува четири пати, но сепак ‘глуп’ победува со педесет примери, вели лингвистот, академик д-р Виктор Фридман, кој направил научно-лингвистичко истражување на прислушуваните материјали што беа објавени од опозицијата. Тој во Институтот “Крсте Мисирков” во Скопје одржа предавање „Јазикот на бомбите како автентичен македонски разговорен јазик”.

developer | 30.11.2016

Лазар Ристовски ќе го отвори, “господарот на прстените“ ќе го затвори 15. „Синедејс“

ВРВНИ РЕЖИСЕРИ ПОВТОРНО НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЕВРОПСKИОТ ФИЛМ
Ниеден фестивал во регионов, а тешко и во Европа, ги нема собрано овие имиња. Со тие зборови Златко Стевковски, директорот на Младинскиот културен центар, ја најави гала-програмата на 15. Меѓународен фестивал на европскиот филм „Синедејс”, што ќе се одржи од 10 до 19 ноември во кината „Милениум”, „Фросина” и Џебното кино во МKЦ.

developer | 30.11.2016

Министерството за култура божем ја поништи одлуката на ЗАМП за забрана на македонска музика, ама ембарго стаса и од Босна и Херцеговина

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) на Македонија од 20 август воведе ембарго на емитување на музиката на нејзините членови. Со ова практично сите телевизии и радија во земјата (со некои исклучоци), престанаа да емитуваат музика од македонските автори, бидејќи во ЗАМП членуваат речиси сите домашни композитори – дури 6,000.

developer | 30.11.2016

Се одржа првиот Фестивал на древна римска култура „Scupini Romani“ (Римјани од Скопје)

Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус” беше организатор на првиот Фестивал на древна римска култура „Scupini Romani” (Римјани од Скупи) што се одржи во неделата (6 ноември) во комплексот „Ореов лад” кај Скопје.

developer | 22.11.2016

Концентрација на десничарскиот опозициски блок

И ВМРО-НП изгледа ќе оди на избори со десниот опозициски фронт, иако Љубчо Георгиевски наводно бил за самостоен настап а Ламбе Аранудов донел “пакет-понуда” од ВМРО-ДПМНЕ

developer | 22.11.2016

Премиерот Димитриев за 23 Октомври: На граѓаните им е преку глава од политичката криза

Оваа година се навршуваат точно 123 години од основањето на Македонската револуционерна организација (подоцна ТМОРО и ВМРО). На 5 ноември (23 октомври стар стил) 1893 во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, заедно со него Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Андон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија основите на организираната македонска револуционерна борба

developer | 22.11.2016

Изложба на македонскиот накит низ вековите во САД

Во Македонскиот културен центар „Gallery MC” во Њујорк е отворена изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија” на Археолошкиот музеј на Македонија, на која е презентиран ексклузивен накит од богатото културно наследство на Република Македонија и теракотни фигурини.

developer | 22.11.2016

Македонски бајки за деца од целиот свет

Над шеесет наслови нa детски и едукативни изданија од Македонија беа промовирани на годинашниот Саем на книгата во Франкфурт. Едицијата „Бајки од Македонија”, составена од неколку народни приказни од Марко Цепенков и Танас Вражиновски преточени во модерни сликовници, најмногу го привлече интересот и на странските издавачи кои го посетија македонскиот штанд.

developer | 07.11.2016

„Првата пушка“ во Прилеп отепала Македонец во бугарска униформа!

Каква иронија е тоа што покрај повеќе други атентати врз бугарски полицајци, за ден на востанието се смета убиството на мобилизираниот Македонец од битолско Смилево, кој бил стражар пред прилепскиот участок!? Против окупаторот имало повеќе вооружени акции уште во мај-септември, но за ден на почетокот на организираниот отпор се зема 11 октомври поради тоа што Скопскиот партизански одред (формиран 22 август 1941) бил дело на Методија Шаторов-Шарло а не на Лазар Колишевски.