developer | 03.08.2016

Битолска невеста со „калашников“ пукаше на својата свадба, обвинителството покрена истрага

За случајот први информираа од опозицискиот СДСМ од каде што додадоа дека свадбената веселба се случила во битолското село Долно Српци и дека невестата е неодамна вработена како секретарка на началникот на униформираната полиција во Битола.

developer | 03.08.2016

„Лазар“ освои две награди на пулскиот фестивал

Филмот „Лазар” на Светозар Ристовски, копродукција меѓу Македонија (Small Moves), Хрватска, Бугарија и Франција освои две награди на 63. издание на Пулскиот филмски фестивал кој се одржа во периодот од 9-16 јули во Пула, Хрватска.

developer | 03.08.2016

Нова музејска поставка во спомен-собата на Гоце Делчев

Спомен-собата на Гоце Делчев во комплексот на црквата „Свети Спас” во Скопје, каде е и неговото вечно почивалиште, има целосно реконципирана и осовременета музејска поставка.

developer | 03.08.2016

Дамскиот накит од Македонија наесен во Њујорк

Во Њујорк во октомври ќе биде изложен накитот кој низ минатите векови го носеле жените што живееле на територијата на Македонија.

developer | 03.08.2016

Репрезентативен накит и носии во „Mакедонското етносело“

Aмајлии, невестински украс за глава, обетки, ѓердани, прстени, чибуци, бастуни, кутии за накит и цигари, народни носии од различни региони низ Македонија, се дел од етнолошката поставка која е отворена во етномузејот во комплексот „Македонско етносело” во селото Нерези.

developer | 26.07.2016

Сандра и Александар се ќердосаа!

Минатиот викенд во Галичник традиционално се одржа 43-то издание на Галичката свадба, на која годинава младенци беа Сандра Станковиќ (24), која по потекло е од Галичник и Алкесандар Ристески (28).

Резиденцијата на ЕУ во Пржино стана центар за моделирање на политиката во државата. По се изгледа амбасадорот Орав ќе мора да го одложи одењето на одмор, кое му беше планирано за крајот на минатата седмица
developer | 26.07.2016

Само едно прашање ги дели од договор за преодна влада и за датумот на изборите

Преговорите продолжуваат оваа недела, откако четирите партии не успеаја да го заокружат договорот иако препораките на Брисел и Вашингтон беа тоа да се случи до саботата. Тие се договориле за се освен за надлежностите на министерот за внатрешни работи во преодната влада.

Се тврди дека за да се дојде на листата кандидати за полицаец претходно е потребно да се биде на листата на владејачките партии
developer | 26.07.2016

МВР ќе вработува нови 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи на РМ објави оглас во медимите во земјата со кој се распишува потреба за прием на 600 нови полицајци. Кандидатите ќе треба да минат едногодишна обука по што ќе бидат примени во МВР.

developer | 26.07.2016

Уапсени четворица поранешни припадници на ИСИС, по тројца се трага

Во акција спроведена во Скопје и Тетово уапсени се четири лица, а се трага по тројца осомничени дека се поранешни припадници на ИСИС, информираат од Јавното обвинителство.

developer | 26.07.2016

Триесетина дискови доказен материјал за професорите од Eкономски факултет

Сите осуммина се сомничат за сторена злоупотреба, но наводно само трои лица ќе одговараат за примање поткуп, објави “Утрински весник” повикувајќи се на свои неофицијални извори.

developer | 26.07.2016

Археолошки истражувања во Стибера

Екипа од прилепскиот Завод и музеј ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот град Стибера, кој се наоѓа во близината на с. Чепигово, Прилепско.

developer | 26.07.2016

„Смитсонијан“ објави изворни македонски песни снимени пред половина век

МАKЕДОНСKА МУЗИKА ПРВПАТ ВО ИЗДАНИЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ МУЗЕЈ ВО СВЕТОТ
Седумнаесет изворни македонски композиции, изведени од локални изведувачи во шеесетите и седумдесеттите години на минатиот век, се објавени на првото ЦеДе со македонска музика, кое го објавува американскиот национален музеј „Смитсонијан”, најголемиот музеј во светот.

developer | 26.07.2016

Македонските монаси го сочувале черепот на свети Јован Владимир на Света Гора

Македонските монаси кои низ вековите престојувале во манастирот Зограф на Света Гора најверојатно го донеле и сочувале черепот на свети Јован Владимир, голем христијански светител, чиј живот е поврзан и со Македонија.

developer | 19.07.2016

Со многу дикат ако се капете во прилепското Мермерно езеро!

Прилепското Мермерно езеро кое се наоѓа над селото Беловодица овие денови стана вистинска атракција во Македонија. Благодарение на мермерните ѕидови и дно тоа е со тиркизно сина боја, водата е кристално чиста и е примамлива за капење во текот на летниот период. Како што беше објаснето, езерото е настанато во поранешниот ископ на мермер, којшто бил напуштен пред неколку години зашто се појавила подземна вода.

developer | 19.07.2016

НАТО го повтори условот – членство за Македонија штом ќе се најде решение на спорот за името

Во завршното коминике договорено од земјите-членки на НАТО на самитот во Варшава, што се одржа на 8 и 9 јули, се повторува поканата Македонија да стане членка на НАТО штом се изнајде решение на спорот за името.

developer | 19.07.2016

Владата ќе издаде нова еврообврзница од рекордни $ 950 милиона

Владата се решила на волкава сума зашто инаку нема пари за буџетска поддршка за 2016 и за 2017 година, како и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг. Опозицијата предупредува дека на овој начин задолженоста на државата ќе скокне на речиси 55% и дека партијата на власт сака на овој начин “да ги купи” следните избори.

developer | 19.07.2016

Анкета која ја потврдува изреката: Aлал да им е – се искрадоа!

На почетокот на јуни во 8 градови и 21 село низ Републиката e направена Анкета за длабинско мерење на граѓанската доверба во институциите, што ја спроведе Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС) во рамките на проектот “Фасадата држи, темелите тонат”, кој е финансиран од Националната фондација за домкратија (National Endowment for Democracy) од САД. Анкетата опфатила 1,011 испитаници.

developer | 19.07.2016

Присвоиле $ 50,000 од уплати на граѓани

Тринаесет шалтерски службеници три години системски го краделе буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности во Скопје со што се стекнале со имотна корист од скоро $ 50 илјади.