Македонскиот поет и преведувач Никола Маџиров е избран за национален уметник за 2016 година, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
„Movie On – Feel the light, Feel Bitola” (Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола) е слоганот на 37-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки”, што годинава ќе се одржува од 10 до 17 септември во Битола.
Годинава уште 104 објекти во Старата битолска чаршија ќе добијат лична карта. Досие од историско-урбан и архитектонски аспект за нив ќе биде изработено во рамки на проектот за инвентаризација на чаршијата.
ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНУВА СО НОВА МАПА
Рангирањето на Македонија во земји со помал ризик од тероризам е поволно за нашиот туризам, вели за “Вест” Артан Керим, претседател на туристичко-угостителската комора во Сојузот на стопански комори на Македонија.
ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ОД ПАРИЗ, НА 3. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Клучната порака од Парискиот Самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави премиерот Емил Димитриев по завршувањето на третиот Самит за Западен Балкан што се одржа во Париз под покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Американската амбасада во Скопје прослави 240 години Ден на независноста на САД
Сулејман Османи (алијас командант Суља) од селото Бреза деновиве беше екстрадиран од Косово во Македонија. Како што јавуваат медиумите кои известуваат на албански јазик 55-годишниот сточар Османи во јули минатата година беше уапсен од косовските власти по распишана меѓународна потерница.
По долго и тешко боледување, на 66-годишна возраст во родното Скопје почина хумористот Емин Унџел. Иако целиот свој работен век го помина како тон-мајстор во Македонското радио, тој останува најпознат по учеството во хумористичните радио-емисии на “Хихирику” и претставите кои произлегоа од ова шоу.
Шпанската музичка мега-ѕвезда Eнрике Иглесиас минатата седмица за првпат се претстави пред публиката во Македонија. Во Скопје беше дочекан на нозе, со кренати раце и со овација, а таквата спектакуларна атмосфера исполнета со многу емоција траеше непрекинато час и половина.
Во 1993 година воздухопловниот генерал Ердоан Езнал (Erdoğan Öznal), во тој миг раководител на Институтот за историско и стратегиско истражување на труската армија, во Анкара ја издаде книгата под наслов “Македонија не е Грција”.
Парите што ги праќаат иселениците се повеќе од тие што државата ги одвојува за социјална помош и повеќе од странските директни инвестиции кои влегуваат во Македонија, а луѓето најмногу ги трошат за секојдневните потреби. Таа сума според некои процени се движи од $ 600 милионa до $ 2.2 милијарди.
И лидерот на владејачката партија Никола Груевски и првиот човек на опозицискиот блок Зоран Заев деновиве најавија дека се подготвени за избори на кои ќе победат.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА
Претставата „Кралски игри” во режија на Љупчо Георгиевски во изведба на Народниот театар – Битола ја доби наградата за уметничко остварување на претстава во целина на 51. Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп, кој се одржа од 10 до 17 јуни.
Во престижниот музеј „EYE” во Амстердам на 3 јуни, за време на церемонијата на отворањето на големата ретроспектива на кинематограферот и уметник Роби Милер, му беше врачена наградата за животно дело „Златна камера 300″.
ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА НАЈГОЛЕМИОТ ФЕСТИВАЛ
Познатиот мецосопран, примадоната Елина Гаранча од Летонија, ќе настапи на концертот со кој ќе биде отворено 56. издание на фестивалот Охридско лето, соопшти деновиве раководството на Фестивалот. Таа во охридскиот Антички театар ќе настапи со оркестарот на Македонската опера и балет, со кој ќе диригира Јон Марин од Австрија.
Десетици илјади граѓани во понеделникот се собраа на најмасовниот протест на “Шарената револуција”, по истекот на ултиматумот од осум точки што го дадоа до властите. Ова беше најмасовниот собир во изминатите 70 дена со постојани протести. Овојпат, освен скопјани, во главниот град имаше и граѓани кои дојдоа од другите градови на земјата.