Во Перт, почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески минатат седмица оствари средба со заменик министерот за туризам на Индонезија, Игде Питана со кој разменија мислење за унапредувањето на билатералните односи меѓу Индонезија и Македонија на туристички план.
Минатиов петок во Гранд Нерет рецепцијата имавме можност да го вратиме времето неколку декади наназад, присетувајќи се на многуте хитови на живата легенда Ефто Пупиновски.
Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, Христијан Божинов, Петра Велковски (се приклучува од 3-ти јуни) и фолк легендата Ефто Пупиновски, кој на 16-ти мај прослави 40 години на македонската музичка сцена, започнаа со турнејата низ Австралија.
Федералните Избори во Австралија што ќе се одржат во 2016 година се огромна можност за ОМД и Македонската заедница во Австралија позитивно да влијаат на надворешната и домашната политика на Австралија во насока на поддршка за подобри социјални, економски и политички резултати за сите Австралијанци во време на комплексен меѓусебно зависен и брзо променлив свет.
Во сабота, на 21 мај, под мотото „Со љубов кон македонскиот јазик” и во чест на Денот на македонските просветители и учители Св. Кирил и Методиј, Македонското литературно друштво “Кочо Рацин”, Мелбурн, организира Саем на книгата во просториите на библиотеката во Thomastown.
СЕ ОДРЖА МЕМОРИЈАЛЕН КОНЦЕРТ
Минатиов петок, во Гранд Нерет рецепцијата “МКУД Јане Сандански” организираше меморијален концерт во чест на делото на починаиот секретар Здравко Талевски.
Игуменот Гаврил минатиот четвртокот пристигна во Перт, во посета на МПЦ Св. Никола. Од црковната општина срдечно го пречекаа овозможувајќи му пријатен престој меѓу своите пријатели и браќа во Христа во Перт.
Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, и легендата Ефто Пупиноски оваа седмица пристигнуваат за турнеја во Австралија. Турнејата опфаќа настапи во пет градови во Мелбурн, Бризбен, Сиднеј, Волонгог и Канбера.
Талентираниот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски ја прикажа новата ресорт 2017 колекција во рамки на модната недела во Австралија.
Минатава недела во Мелбурн се одржа собир за поддршка на протестите во Македонија.
Претставници на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) минатиот четврток беа Канбера, во Aвстралискиот Парламентот. Таму се одржа средба со советници за надворешна политика на прајминистерот Малком Турнбул, лидерот на опозицијата Бил Шортен и на зелената партија Ричард Ди Натале.
Минатата седмица на недоличен начин се јавија некои медиуми кои со својата неинформираност и известување еднакво на злоба се однесуваа како за прв пат да го откриле тркалото.
Во мултимедијалниот клултурен центар „Матица екслузив” во Скопје беа промовирани книгите за деца „Златенца” и „По утрото денот се познава” од Жаклина Михајлова, во издание на „Матица македонска”.
Во Мелбурн, во петок, на 17 јуни во Darebin Arts and Entertainment Centre, адреса Corner of Bell St & Georges Rd, Preston, ќе биде прикажан филмот „Македонец” на Петро Алексовски.
Во средата, на 4 мај, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија традиционално ја одбележа 113 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев.
На 23 април во Перт се одржа манифестацијата млад Мис и Мистер во Српскиот Културен центар “Madington”.
Среќен роденден на нашиот доктор и добар пријател д-р Крис Гeоргиески.Ти посакуваме здравје, среќа и се надеваме дека ќе имаш прекрасен и весел ден со
Пензионерската група Кингс Парк од Сент Албанс заедно го прославија Велигден, Ѓурѓовден и Денот на мајката. Околу стотина пензионери, членови на оваа група, како и други гости кои беа поканети од претседателот на групата Илија Јошевски-Мечето се забавуваа, дружеа, имаше песни и ора, за кои беше задолжен диск-џокејот Горан, како и вкусна вечера подготвена од Фереро рецепција.