Премиерот Даниел Ендрус изјави дека регион на Бризбен ќе биде ставен од црвена во портокалова зона откако властите во Квинсленд добро се справија и го задржа понатамошното ширењето на COVID-19.
Владата на Австралија, по совет на здравствените експерти, ја повлече локалната вакцина против КОВИД -19, откога таа предизвика случаи на лажно позитивни тестови на вирусот ХИВ.
Во сабота во Викторија после 42 денови по ред без ниту еден случај на коронавирусот имавме 5 нови случаи од патници од странство. Премиерот Даниел Ендрус апелира во Мелбурн да се продолжи со почитување на низа мерки за „лето безбедно од КОВИД” .
Младиот Тајлер Јаковац е обвинет за кривични дела поврзани со тероризмот, при што судските документи открија дека тој повикал на убиство на оние кои „не се белци, туку муслимани и Евреи”.
Австралиски Гардијан добил ексклузивни снимки од австралиски војник како пие пиво од протеза која му припаѓала на талибански милитант во Авганистан.
Квинсленд од декември после повеќе од осум месеци, ги укина граничните ограничувања за Нов Јужен Велс и Викторија, со што се овозможи да се видат разделените семејствата и се отворија туристичките дестинации за економско закрепнување на бизнисите.
Австралија не планира да ги отвори своите граници во скоро време и покрај напредокот во пронаоѓање и производство на вакцини против Ковид-19.
Австралија ќе отпушти најмалку десет припадници на специјалните воени сили по објавување на извештај со сигурни докази за убиства во Авганистан, јави Еј-Би-Си.
Шефот на австралиската авиокомпанија „Квантас” минатата седмица изјави дека компанијата планира да за патување со меѓународните летови задолжително да бара вакцинирање на патниците и предвидува слична политика да се донесе низ целиот свет.
Нов Јужен Велс ќе ги олесни дополнително ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани директивите за компаниите со кои вработените мораа да работат од дома затоа што три недели нема локален пренос на коронавирус, рече премирката Гледис Береџиклиан.
Нанаја Махута (50), блиска роднина на маорското кралско семејство, е именувана за нов министер за надворешни работи на Нов Зеланд во услови на реконструкција на владата по парламентарните избори минатиов месец.
Викторија во недела објави дека немало локално пренесени случаи на ковид-19 веќе девет дена по ред, што укажува на тоа дека тримесечна строга блокада во Мелбурн успешно го спречи ширењето на вториот бран на инфекцијата.
Кина минатава седмица им нареди на трговците да престанат да увезуваат одредени производи од Австралија.
Австралиски специјалци мачеле и убивале затвореници, стои во извештајот кој е нарачан пред четири години, а се занимава со воени злостори и скандали во периодот од 2001 до 2018 година и е даден на воениот врв, пишува еден од најстарите и најугледните австралиски весници „Ди Ејџ”.
Бројот на лица заразени со грип годинава се намали за 98 проценти ширум светот, уништувајќи го стравот од „твиндемија”, вкрстување на грипот и вирусот корона.
Жителите на Нов Зеланд на референдум се изјаснија за легализација на еутаназијата, покажуваат објавените прелиминарни резултати од референдумот.
Шпионажата во Австралија е на повисоко ниво отколку во Студената војна. Ова го објави шефот на разузнавачката служба на земјата во говорот во кој предупреди дека граѓаните ги следат и малтретираат странски сили.
Најтешко погодената австралиска држава Викторија бележи едноцифрен број на нови случаи со коронавирус, додека австралиската влада објави дека дополнително ќе ги олеснува мерките за целосен карантин.