Австралија ги осуди властите во Катар за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето и оставањето на новороденче на аеродромот.
Мелбурн со своите пет милиони жители излезе од карантин на 28 октомври (во средата) откако во неделата и понеделникот немаше ниеден нов случај со ковид-19. Викторија беше епицентар на вториот бран во Австралија со повеќе од 90% од сите смртните случаи што ги имаше нацијата (досега 905).
Австралиски истражувачи развиваат 15-минутен тест за ковид-19, чија клучна состојка е пекарски квасец. Владата на Квинсленд ѝ одобри 1,5 милиони долари на биотехнолошката фирма „Шјинг технолоџис” за финансирање на проектот, за кој истражувачите велат дека функционира на сличен начин како тест за бременост.
Министерот за финансии Mathias Cormann предупреди дека бројките на федералниот буџет кој е претставен минатата седмица се „лоши”. Бруто долгот ќе биде над $1.1 билион, додека дефицитот ќе изнесував дури $210 милијарди.
Полицијата во Мелбурн е обвинета за насилство во драматично апсење на жена поради кршење на рестрикциите воведни поради коронавирусот.
Австралискиот експерт за Ковид-19 Норман Свон објави свои здравствени проценки за американскиот претседател, Доналд Трамп, кој е заболен со коронавирус.
Како што вели тој, животот на Трамп е во опасност имајќи ја предвид неговата возраст и здравствената слика.
Поранешниот ватикански благајник Џорџ Пел отпатува во Рим, првпат откога е ослободен од обвиненијата за сексуално злоставување деца во Австралија, потврди гласноговоничката на католичката црква во понеделникот.
Мелбурн на пат е до Божиќ да се врати во нормална состојба, зајакнувајќи ја надежта за одржување големи летни спортски настани и општо оживување на економијата.
Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук изјави дека „не признава” никаква негативност поврзана со филмската индустрија на Gold Coast која создава работни места во локалната заедница во моменти кога државата заблежува два нови случаи на коронавирусот во текот на ноќта.
Личниот рејтинг на Скот Морисон е висок во најновата анкета со која се испитуваше мислењето на граѓаните по одржаните јавните расправи за надзор на државните граници.
Спасувачките екипи потврдија дека спасиле вкупно 94 китови кои беа дел од масовното насукување на западниот брег на Тасманија.
Неколку модели со потпис на AMG се повлечени поради емисии на штетни гасови.
Австралиската влада беше обвинета за повреда на чувствата на Кина откако го предводеше глобалниот притисок за независна истрага за изворот на пандемијата на коронавирусот, пренесува „Ес-би-ес њуз”. Тоа го посочи еден од највисоките кинески дипломати во Австралија, категорично одбивајќи да потврди дека Ковид-19 потекнува од Вухан.
Три лица загинаа од невремето што го зафати Мелбурн минатиов четврток. Меѓу нив се наоѓа и четиригодишно момче.
Бројот на новозаболени од коронавирусот во Викторија се намали за помалку од сто случаи кога во сабота на 29 август се забележани 94 нови инфекции. Ова е најнизок дневен број новозаболени во минатите шест недели. За жал, забележани се и 18 нови смртни случаи, потврди Министерството за здравство. Викторија се наоѓа во петтата недела од шестонеделните рестрикции, а строгите мерки би требало да бидат укинати на 13 септември.
Министерот за здравство Грег Хант потврди дека Австралија е во „напредни преговори” за производство на вакцина против коронавирусот.
Прајминистерот Скот Морисон, во средата брзо го смени ставот откако објави дека ќе ја направи задолжителна потенцијалната вакцина против коронавирус, велејќи дека наместо тоа ќе ги „охрабрува” граѓаните да се вакцинираат.
Заменикот на главниот доктор на Австралија беше внимателно позитивен кога зборуваше за способноста на Викторија да се бори против вирусот. Бидејќи бројот на случаи е стабилизиран на околу 350 во тек на минатата недела д-р Nick Coatsworth вели: „Изгледа го достигнавме врвот”.