Крокодилот Ем Џеј угинал во јуни на крокодилска фарма во близина на Рокемптон во Австралија, а сопственикот прилично се изненадил кога ја истражиле содржината на нејзиниот желудник.
Барнаби Џојс поранешниот заменик на прајминистерот вели дека неговите сопствени проблеми како со плата да се покријат трошоците од над 200.000 тешко се снаоѓа со исплата на алиментација, бивша жена, сегашна жена и уште две новороденчиња, го инспирирале јавно да изрази незадоволство и да повика на зголемување на исплатата за барателите на работа кои примаат социјална помош.
Австралиската полиција ја изведе една од најлесните заплени на дрога кога комбе со пакети метамфетамин во вредност од повеќе 200 милиони долари се забил во две полициски патролни возила паркирани пред полициска станица во Сиднеј.
Девојката на 20-годишна возраст беше пронајдена мртва во автомобил, прободена со нож.
Тројца австралиски сунитски муслимани се осудени на казни затвор од 16 до 22 години, секој поради напад на шиитска џамија во Мелбурн, инспирирани од исламска држава.
Парламентот на Австралија привремено ги усвои законите со кои на владата и се овозможува да ги спречи сомнителните екстремисти да се вратат дома, до две години, и покрај загриженоста дека тие закони би можеле да бидат неуставни.
Полицијата заплени 384 килограми кокаин чија вредност се проценува на околу А$144 милиони.
Кокаинот бил скриен во внатрешноста на багер, а пронајден е со ренгенски преглед на возилото во Сиднеј откога како користено возило е увезено во Австралија од Јужноафриканската Република.
Планот на федералната влада за Северна Австралија ќе се најде под лупа во новата истрага на Сенатот чија цел е да се ревидираат плановите на Коалицијата за оваа област.
Австралија нема намера да ја спречи депортацијата на осудените криминалци од Нов Зеланд во нивната татковина и покрај личната молба од прајминистерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, за ставање крај на праксата, пренесува „Брејтбарт”.
Што би се случило ако наместо парите да ги трошиме на вечери од три главни јадења и балови во хотели, на истиот бизнисмен да му понудиме кобасица и леб и да му кажеме една ноќ да помине на отворено?
Не е лесна задача да се раскаже приказна зад непробојните огради на австралискиот прифатен центар за азиланти на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја. Но, една темна ноќ во 2017 година новинар и тројца христијански мисионери биле доволно храбри тоа да го направат.
Американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот престој во Осака со вечера со австралискиот премиер Скот Морисон зa време на самитот Г20. Двајцата водачи си разменија пофалби, а Трамп изјави дека би сакал да ја посети Австралија подоцна оваа година, за време на одржувањето на престижниот турнир во голф Куп на претседатели.
Трамп, исто така рече дека двата народи „многу блиско соработуваат” кога е во прашање трговијата.
Австралија се наоѓа сред криза на ментално здравје на мажите и покрај напорите да се сопре шокантната статистика.
Во текот на минатите седум дена по повод обележувањето на неделата на машкото ментално здравје, news.com.au нагласи важна тема поврзана со менталното здравје и епидемијата на самоубиства на мажите во Австралија.
Ако вашето млеко од марките Coles и Pauls е малку жолтеникаво, бидете внимателни. Освен тоа, јајца од одредени производители би можеле да бидат заразени со салмонела.
Агенцијата за храна на Нов Јужен Велс советува компанијата Egg Basket да ги повлече Country fresh eggs, Just Eggs, Chefs Choice cage free eggs. Ова повлекување на производите се налага поради можното присуство на предизикувач на salmonella enteriridis.
Викторија е првата австралиска држава во која евтаназијата е озаконета.
Во Викторија стапи во сила Законот за евтаназија, кој ќе им овозможи на пациентите во терминална фаза да го завршат животот со смртоносна комбинација на лекови.
Викторија е првата австралиска држава во која евтаназијата е озаконета. Потпомогнато самоубиство е нелегално во повеќето земји. Во Австралија беше забрането до 2017 година кога Викторија го усвои контроверзниот закон.
Полин Хансон, лидерката на партијата One Nation изјави дека нема да ги поддржи плановите на прајминистерот Скот Морисон за намалување на данокот.
Шефицата на партијата One Nation, која ги држи двата клучни гласови во Сенатот, вели оти има многу поважни теми кои треба да се финансираат. Нејзината опозиција на владата ќе и го отежни носењето на даночниот план во целост.
Познатиот сервис за споделување превоз Uber веќе подолго време работи на развојот на летачки такси Uber Air, а како трет пилот-град после Далас и Лос Анџелес, компанијата го избра Мелбурн за тестирање на летачките такси возила.
Австралискиот прајминистер Скот Морисон изјави дека се состана со претседателката и извршниот директор на националната телевизија АВС во обид да ги смири тензиите по двете полициски рации против истакнати медиумски организации.