Судењето на Македонецот Борче Ристевски (54) кој е обвинет за убиство на неговата сопруга во Австралија, ќе почне во март, објавува австралискиот весник „Ејџ”.
Спасувачи на змии во Квинсленд спасиле питон кој бил прекриен со стотици крлежи. Питонот кој бил многу болен бил фатен во базен во двор во Голд Кост.
Нова анкета го мереше ставот на Австралиjците кога станува збор за партиите во федералната политика и нивните лидери и носи добри вести за лабуристите и нивниот лидер Бил Шортен.
Наградата за информации за убиството на Скот Џонсон во Сиднеј во 1988 година е зголемена на милион долари.
Три милијарди „заклучени” федерални пари кои биле наменети за сега веќе напуштениот проект со кој би се реновирале и граделе улиците во Викторија треба да се „ослободат” за користење за други проекти, рече премиерот на државата Даниел Ендрус.
Минатава сабота на изборите во Викторија, лабуристичката влада на Даниел Ендрус беше повторно избрана со уште поголема предност над либералите.
Професорката по англиски јазик, Соња Макеј, заплакала пред судот и се извинувала што сексуално го искористувала 17-годишниот ученик.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе положи венец на воен споменик во австралискиот град Дарвин и стана првиот јапонски лидер што го посетува градот кој бил бомбардиран од Јапонија во Втората светска војна.
Федералната влада ги повикува лидерите на исламските заедници да укажат на екстремизам во нивните заедници по терорстичкиот напад кој се случи во Мелбурн кога Hasan Khalif Shire Ali уби еден а, повреди двајца и се обиде да предизвика експлозија со автомобил полн со плин.
Осамениот терорист кој уби човек на улицата Bourke во Мелбурн им бил познат на властите поради неговите радикални ставови, а поради загриженост дека би можел да замине за Сирија одземен му е пасошот во 2015 година, вели федералната полиција.
Новозеландскиот град Крајстчрч, којшто пред неколку години беше погоден од повеќе силни земјотреси, доби библиотека што во целост е отпорна на оваа природна непогода.
Постариот пратеник во Пармалентот на Националната партија Дарен Честер одлучи да ги намали очигледните проблеми во коалициската влада.
Пратеникот на лабуристите Тони Бурк вели дека постојат „длабоки проблеми” со предлог законот според кој на бегалците кои се наоѓаат на островот Науру засекогаш да им се забрани влез во Австралија.
Војвотката Меган Маркл и принцот Хари избегнале несреќа при слетувањето на авионот „Boing 737″ на аеродромот во Сиднеј.
Австралиската коалициска Влада на прајминистерот Скот Морисон, може да го загуби мнозинството во Парламентот, доколку владејачката Либерална партија доживее пораз на дополнителните избори за пратеничкото место кое остана испразнето по оставката на поранешниот премиер Малколм Турнбол.
Една од најпознатите згради во светот престана да емитува јаглероден диоксид. Со намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и ефикасното управување со отпадот, зградата на Националната опера доби официјален сертификат за енергетска ефикасност пет години пред предвиденото. Австралиските власти се преоптоварени со успехот што го постигнале, пишува ArchDaily.
Австралискиот прајминистер Скот Морисон вели дека тој размислува да го признае Ерусалим за главен град на Израел и таму да ја премести амбасадата која сега е лоцирана во Тел Авив.
Се очекува прајминистерот Скот Морисон да најави две големи филмски продукции кои ќе се снимаат на Голд Кост – Годзила против Конг и Reef Break серија на Дизни.