Поминаа 106 години откако австралискиот геолог Грифит Тејлор откри крваво црвени водопади од глечер, именуван по него, како се влева во леденото езеро Вест Лејк Бони.
Стотици илјади Австралијци и Новозеланѓани минатиот вторник присуствуваа на церемонијата на Австралиско-новозеландскиот корпус, кој учествувал во Првата светска војна, со која се одбележува годишнина од битката кај Галиполе и им оддадоа почит на војниците во Ирак и Авганистан.
Северна Кореја тврди дека градот Дарвин ќе биде центар на нуклеарна војна, обвинувајќи ги САД дека ја користат Австралија за да се подготват за напад на нивната територија.
Стигнуваат со авиони и хеликоптери
1,250 американски маринци пристигнаа во Дарвин како дел од контингентот кој ќе биде стациониран во Северна Австралија.
Американските воени бродови пловат кон Австралија, а не кон Северна Кореја, при тоа разочарувајќи ги новите подржувачи на Трамп, желни за судир.
Кои се боите на австралиското абориџинско знаме? Кој официјален симбол на Австралија го идентификува Комонвелт имотот? Што се случило во Австралија на 1 јануари 1901 година?
Австралиските трговски врски со Индија доминираа во разговорите на прајминистерот Малком Турнбул и неговиот индиски колега во Њу Делхи минатава недела. Прајминистерот Малком Турнбул слета во Њу Делхи минатата недела каде беше во четиридневна посета на главниот град на Индија и комерцијалниот центар Мумбаи.
Министерката за одбрана тврди дека е потребен модерен систем за заштита од сите софистицирани закани од воздух.
Здравствените фондови велат дека државните болници ги наведуваат луѓето да користат приватно осигурување велејќи оти станува збор за „донација” која ништо нема да ги чини, но сметки од 1,000 долари стигнуваат кај пациентите, неколку месеци подоцна.
Властите на Австралија соопштија дека добиле информации оти терористи „можеби планираат” напад за време на одбележувањето на годишнината од Битката кај Галиполи во Турција, кон крајот на овој месец.
Истражувачи од Австралија го пронајдоа најголемиот отпечаток од диносаурус во светот досега, што и дава посебно место на земјата на палеонтолошката мапа.
Отпечатокот е од видот стегосауруси, и е со должина од 1,7 метра. Тоа е всушност само еден од вкупно 21 различен вид отпечатоци, најдени на полуостровот Дампир, што се наоѓа во северозападниот дел од Австралија.
Познатата актерка Никол Кидман за време на едно интервју во Мелбурн, откри бројни детали од својот приватен живот. Актерката која е во 49-та година од својот живот сподели како се почувствувала кога и кажале дека никогаш нема да може да роди деца. Но, сепак, кога тоа се случило, на нејзината среќа и немало крај.
Студент од Холандија, Милан Шипер, бил воодушевен кога успеал да купи карта за Сиднеј по поволна цена, но вистинското изненадување следувале кога слетал. Наместо во Австралија, тој се нашол во Канада.
Дали некогаш сте се прашале колку е посакуван австралискиот пасош? Имаме добри и лоши вести. Лошата вест е дека австралискиот пасош не е најсилен на светот, но добра вест е што се наоѓа меѓу првите 20.
Новозеландскиот премиер Бил Инглиш изјави дека неговата земја треба да се потпира на гастарбајтерите, бидејќи многумина жители не можат успешно да ги поминат тестовите за наркотици на работните места, јави ДПА.
По формалните разговори меѓу Малком Турнбул и индонезискиот претседател Јоко Видодо, Австралија и Индонезија ги подобрија односите за целосно да може да се обноват одбранбените врски.
Суперѕвездата Адел ја изненади пријатно публиката на концертот во Перт. Освен со музиката, таа ги израдува фановите и со банкноти од 20 долари.
Економијата на Австралија во четвртиот квартал минатата година забележала силен раст со што оваа економија го продолжи 25 годишниот период без рецесија.