Во текот на концертот во Бризбејн, Мадона една своја обожавателка повикала на сцена, а потоа ѝ ја повлекла маица надолу, откривајќи ги нејзините голи гради.
Гигантот во сферата на брза храна, Domino’s планира да започне да тестира снабдување со роботи во Нов Зеланд, пишува Бизнис Инсајдер.
Опозициската Лабуристичка партија објави брошури „Трошипедија” и веб-страница Чувари на трошењето преку кои ја обвинува коалиционата влада дека троши премногу пари на непотребни работи, како 400.000 долари за „коала и настани поврзани со животни торбари.”
Соединетите Американски Држави преговараат во Австралија да разместат дел од своите стратегиски бомбардери, изјави претставник на Пентагон, што значи дека би биле во дострел на спорното Јужно Кинеско Море, а ваквиот потег би можел да ги засили тензиите со Кина.
Централната банка на Австралија ја задржа без промена основната каматна стапка веќе десетти месец по ред, иако изнесените изненадувачки слаби податоци дадоа индикации дека економијата на земјата имала тешкотии во крајот на минатата година.
Австралиските власти се бесни поради тоа што израелскиот претседател Рејвен Ривлин ја откажал посетата на Канбера, затоа што во меѓувреме „испаднало” дека треба да патува за Москва и да се состане со Владимир Путин.
Околу 150.000 пингвини од видот Адели кои живеат на Антарктик пцовисале во изминативе пет години откако санта мраз удри во близина на нивната колонија и тие беа принудени да патуваат 65 километри до морето во потрага по храна.
Австралиската Влада додели хуманитарна помош во износ од 5 милиони встралиски долари на настраданите од ураганот “Винстон” на островска држава Фиџи.
Минатава седмица беше приземјен авион на “Вирџин Австралија” на летот од Сиднеј до Лос Анџелес.
Персоналот на болницата во Бризбен, одбива да потпише отпусна листа за 12-месечната Аша, која со семејството треба да биде вратена во камп на островот Науру.
Австралискиот прајминистер Малком Турнбул изјави дека и неговата држава ја загрижува изградбата на вештачки острови во Јужното Кинеско Море, на кое Кина изгради цивилни и воени објекти.
Најголемата австралиска стоковна куќа Myer организира свечена ревија и вечера за избрани гости во необична хала во склоп на резерватот Barangaroo во Сиднеј на која беа претставени и креации на познатиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски.
Српската Православна Црква по теркот на Македонската и да не ја изоставиме Грчката, која е најчест посетител на судоите, проблемите во светот се повеќе ги решава во судовите.
Министерот за јавни служби на Австралија Стјуарт Роберт поднесе оставка поради прекршување на стандардите на министерско однесување.
Шест австралиски конзервативни групации протестираа во саботата во престолнината Канбера против исламот и му дадоа поддршка на германското граѓанско движење Pegida (Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот), кое беше покренато пред повеќе од една година во источногерманскиот град Дрезден.
Прајминистерот на Австралија Малком Турнбул одрекува дека размислува за времето на одржување на следните избори, тој официјално тврди дека планира неговата влада да го помине целиот тригодишен мандат, што би значело изборите дека ќе се одржат во септември.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж има сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и долготрајна инфекција на белите дробови, изјави неговата мајка во интервју за австралиското радио Еј-Би-Си.
Тинејџер од Мелбурн беше изведен пред суд под обвинение дека планирал да наполни кенгур со експлозив, да го нацрта на него симболот на Исламската држава и да го пушти меѓу полицајците на Денот на австралиско- новозеландската армија (Анзак) минатата година, пренесува „Аустралијан” повикувајќи се на судски документи.