developer | 25.09.2016

Во Лихнид се ковале највредни пари на Балканот

Во стариот, антички Лихнид, едно од историските имиња под кои е познат Охрид, се ковале највредни монети на Балканот или едни од највредните.

developer | 25.09.2016

Пет години постоење на Музејот на македонската борба – над 200.000 посетители

Над 200.000 домашни и странски посетители од околу 80 земји биле во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од септември 2011 година, кога оваа национална установа беше отворена за 20-те години независност на Република Македонија.

developer | 25.09.2016

„Златниот венец“ врачен на Mаргарет Aтвуд

На канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд и беше врачен „Златниот венец”, најпрестижното признание на „Струшките вечери на поезијата” (СВП).

developer | 14.09.2016

Мозаиците во Хераклеја се во алармантна состојба

Состојбата со мозаиците во Хераклеја е алармантна, оценува академскиот сликар и експерт по мозаици Газанфер Бајрам, по втората фаза од ендоскопското снимање на мозаичните површини во античкиот локалитет Хераклеја, што се одвиваше во текот на минатиот месец и се очекува да донесе напредок во зачувувањето на мозаичното богатство во античкиот локалитет крај Битола. 

developer | 14.09.2016

Во Аксарај приведени 5 македонски државјани осомничени за членство во ИД

Пет македонски државјани осомничени за членство во Исламска држава на 12-ти овој месец се приведени во синхронизирана акција на македонската полиција во соработка со турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, Турција. 

developer | 13.09.2016

Струшки вечери на поезијата по 55-ти пат

Педесет и петтите Струшки вечери на поезијата започнаа со традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ” и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на СВП, Мите Стефоски, продолжи со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани”. 

developer | 07.09.2016

Откриена базилика стара 1.500 години во штипско

Трикорабниот објект се наоѓа во денес ненаселен крај, на 15 километри од селото Криви Дол.

developer | 07.09.2016

Откриени 85 гроба на Горна Порта во Охрид

Дванаесет гробови се од македонско-хеленистички период, а преостанатите од османлискиот. 

developer | 07.09.2016

Приходите од шест претстави во МНТ за поплавените

Директорот на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски и актерот Сашко Коцев ја најавија хуманитарната акција “МНТ – театар на хуманоста и солидарноста” со која оваа национална куќа се вклучи во активностите за помош на поплавените подрачја во Скопскиот регион. 

developer | 07.09.2016

СДСМ фаќа залет за избори, кој ќе влезе во опозицискиот блок?

СДСМ решил да направи што е можно поширок фронт наспроти ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата на СДСМ ќе се шири – можно е да и се приклучат и невладини активисти и организации.

developer | 07.09.2016

„Не сум за Трамп, туку за парите“

Млади од Велес печалат на интернет портали наменети за американски пазар. На Американците им продаваат политика, спорт, црна хроника, забава… Во анализа на веста од пред неколку месеци дека Македонија претставува престолнина на про-Трамп сајтовите, Гардијан успева да идентификува над 150 домејни поврзани со вести со Трамп регистрирани на луѓе – од Велес.

developer | 07.09.2016

Прво градење доверба, а потоа решавање на името

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по вторпат допатува во Скопје, во рамките на проектот за градење мерки на доверба помеѓу Македонија и Грција. Поводот за неговата посета беше обраќањето до Советот на амбасадори на РМ. Вакви предавања пред македонските амбасадори одржале и други минситри за надворешни работи на балкански држави. 

developer | 03.09.2016

Владата бара нов ребаланс на буџетот поради поплавените

Со предлог измените на буџетот кои се веќе доставени до Собранието, Владата на РМ бара дополнителни средства во висина од 36.4 милиони евра ($ 54 милиона) кои треба да се искористат за надминување на последиците од поплавите.

developer | 03.09.2016

Заврши активната регистрација – 30,502 гласачи ќе бидат „симнати“ од Избирачкиот список

Приказната со спорните над 39 илјади гласачи е чисто политичка “монета за поткусурување” – за СДСМ да докаже дека навистина има проблем со Избирачкиот список, а за ВМРО-ДПМНЕ да покаже оти е подготвена да прави компромиси за да се случат изборите (ама во строго контролиран обем).

developer | 03.09.2016

Познато е кој ќе го гради скопскиот Луна Парк

Градот Скопје пред една недела го склучи договорот за изградба на новиот Луна парк во Скопје. Проектот со површина од околу 40.000 метри квадратни ќе го гради фирмата „Жикол” од Струмица во наредните 22 месеци, објави порталот “Билд”.

developer | 02.09.2016

Собравме $ 3,000 – може не се многу, но ќе им се најдат на настраданите!

Хуманитарен концерт на дел од естрадата во Охрид
Елена Велевска, која минатата седмица организираше хуманитарен концерт во Охрид на кој учество земаа и голем број нејзини колеги, успеала да собере само $ 3,000 кои ќе ги донираат за настраданите од поплавите.

developer | 23.08.2016

Иван Поповски во топ 5 режисери во Русија

СПИСАНИЕТО ЗА МАЖИ „GQ” СО РАНГ ЛИСТА
Руското издание на светски реномираното списание за мажи “Џи-кју” го номинираше македонскиот режисер Иван Поповски за режисер на годината.

Министерката Канческа-Милевска изрази голема благодарност по повод вредната донација на турската влада - репликата на „саркофагот на Александар Македонски“ - која е сместена во Археолошкиот музеј на Македонија
developer | 23.08.2016

Турција и Македонија заедно ќе го конзервираат османлиското културно наследство во РМ

Македонија и Турција ќе ја интензивираат соработката во културата, особено во областа на заштитата на културното наследство, најави Аднан Ертем, директорот на Генералниот директорат за културно наследство на Република Турција.