Бил Шортен ги отфрли „црните предупредувања” на Малком Турнбул поради даночните планови на лабуристите за богатите Австралијци, нарекувајќи ги нечесни предвидувања.
Економијата во Австралија, во претходниот квартал порасна доволно силно така што го стигна холандскиот рекорд од 103 последователни квартали без рецесија.
Австралиските научници останаа во шок кога при истражување на длабочините на источниот брег, најдоа риба без лице. На длабочина од четири километри извадиле се и сешто, а меѓу купот смет, пронајден е „дијамант” – риба каква не е видена од 1873 година.
На осудените педофили ќе им се одземат пасошите во Австралија според предлог-планот на владата. Со предлогот кој ќе биде и предмет на гласање ќе им се забрани на виновниците да патуваат во странство.
Џон Фрезер, шефот на државната благајна и сенаторите ќе ги испитуваат деталите на федералниот буџет, особено низ проекциите на приходите и предвидувањата на оделот за економија.
Малком Турнбул верува дека без буџетските мерки во вториот буџет на неговата влада, како што е зголемување на доприносот за здравственото осигурување, на Австралија и се заканува губењето на ААА кредитниот рејтинг.
Светски познатата актерка Никол Кидман ја изрази својата поддршка за жените режисерки и го критикуваше Холивуд за односот кон нив, пренесоа американските медиуми.
Барателите на азил кои пристигнаа во Австралија со бродови, мораат да побараат бегалски статус до 1 октомври или ќе бидат депортирани, рече министерот за имиграција Питер Датон.
“National Geographic Photo Ark” (Фотографската арка на National Geographic), е проект чија цел е да ги документира сите видови кои живеат во заштитените области и зоолошките во сите краеви на светот, во обид да ги натераат луѓето да се грижат и да ги заштитат овие животни за идните генерации.
Лабуристите ветија дека на училиштата ќе им дадат дополнителни $22 милијарди, ако дојдат на власт, но не сакаат да дадат детали околу тоа како ќе ги поделат парите се додека не завршат разговорите со сите во тој сектор.
Доколку на улица го сретнете австралискиот оскаровец, сигурно нема да го препознаете. Но за среќа духот и ведрината му останале исти, и своите обожаватели ги воодушеви и насмеа со видео кое го објави.
РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА НА ЈАВНО МНЕНИЕ
На владата на Турнбул и е драго што гласачите даваат поддршка на нејзината одлука за зголемување на придонесите за здравствено осигурување, со што би се финансирала националната програма за осигурување на лица со инвалидитет.
Дошол денот на победа и за стотина австралиски староседелци кои биле изложени на екстремно ниво на радијација поради британските нуклеарни проби. Австралиската влада наложила да им се покријат трошоците за здравствена заштита.
Австралиската сенаторка Лариса Вотерс стана првата пратеничка која го доеше своето бебе во австралискиот парламент.
Петте најголеми банки на Австралија наскоро ќе се соочат со нов данок и засилена контрола, соопшти австралиската Влада во објавата на новиот буџет.
Документите во сопственост на Фејсбук во кои пишува дека социјалната мрежа на огласувачите им покажува како имаат можност да препознаат тинејџери кои се „чувствуваат несигурно, безвредно и на кои им е потребно подобрување на самодовербата”, се појавија во јавност.
Секоја година, околу 15.000 доселеници ќе имаат можност да ги земат своите родители во Австралија на десет години.
Новинарите на новинската компанија „Ферфакс Медија” стапија во еднонеделен штрајк, незадоволни од одлуката да се укинат 125 новинарски работни места, во три весника на компанијата.