Бил Шортен и Тони Абот ги усогласија своите ставови околу надворешната политика, нешто што досега дома не го покажаа. Нивниот заеднички став уште повеќе се акцентираше преку неколку минутниот хумор во еден ерусалимски ресторан.
Веродостојна реплика на собата во којашто живее и работи основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, е дел од изложбата под наслов „Lanceurs d’alerte” (Информатори/Свиркачи), којашто посетителите ќе може да ја погледнат до 29-ти јануари во парискиот центар на уметноста „Gaité Lyrique”.
Индонезија ги прекина сите форми на воена соработка со Австралија поради понижување на нејзиниот национален принцип, потврдија тамошните воени службеници.
„Индонезија оваа одлука ја донесе на крај на декември, минатата година. Привремено ги прекинуваме сите форми на соработка со австралиската војска поради технички причини” – изјави воениот гласноговрник, генерал мајор Вурјанто.
Знаеме дека нашата планета е многу стара, но дали некогаш ќе ја откриеме точната „година на раѓање” на Земјата?
Колку е Земјата стара и со колкава прецизност можеме да го одредиме тоа се прашања кои што го мачат секој геолог од моментот кога ќе се одлучи за својата идна професија, а можеби и од порано.
Според новите одредби за контрола на младите кои се воведуваат во Викторија, малолетниците кои направиле криминално дело, ќе мораат да студираат или работат ако сакаат да избегнат повторно враќање во притвор. Во склоп на последните промени со кои треба да се намали криминалот меѓу малолетниците, возрасните би можеле да добијат затворска казна до десет години. Се очекува новата легислатива да биде воведена на почеткот на следната година.
Шокирани, лути, тажни и незадоволни од изборот на Доналд Трамп за претседател на САД се повеќе Американци проверуваат како можат да го направат Нов Зеланд својот нов дом.
По неколку тешки денови за пожарните служби во Нов Јужен Велс од вкупно 60 пожари, неколку се уште не се под контрола. Пожарникарите ќе продолжат да работат на двата најголеми пожари во Cessnock во долината Hunter, како и посеверно во близина на Port Stephens.
Дебелината е најголем јавен здравствен предизвик пред кој се наоѓа Австралија и нејзината превенција мора да почне од почетокот, уште кај трудниците, вели Здружението на австралиските лекари (Australian Medical Association – AMA).
Владата на прајминистерот Малколм Турнбул планира да донесе закон со кој би им се забранило на азилантите кои ќе пристигнат по морски пат воопшто да влезат во Австралија. Накратко, возрасните лица што се обиделе да влезат во Австралија од јули 2013 година наваму, но биле вратени назад, нема да можат да влезат во Австралија ни како туристи. Забраната не се однесува на деца, пишува британски Гардијан.
Бил Шортен почна остар напад врз коалицијата велејќи дека прајминистерот „морално банкротирал” и оти се „потпира на несоодветен сенатор”. Лидерот на опозицијата им се обрати на присутните на државната конференција на Лабуристите во Квинсленд на Златниот брег, пред да почне расправата на делегатите за различни теми од договор со доморотците до приватизацијата.
Победничка на 61 издание на Евровизија е Џамала, која во мај триумфираше со контраверзната нумера „1944″, додека Австралија ја зазема втората позиција.
Премиерот Малком Турнбул одби да одговори на прашањето дали Тони Абот се занимава со „напади од заседа” од кога Кристофер Пајн призна дека е постигнат договор за оружјето.
Наместо забава – трагедија. Четворица загинаа во несреќа во тематски парк во популарниот Голд Кост во Квинсленд. Според управата на “Дримворлд”, двајца мажи и две жени загинале за време на брзото возење со сплав низ воден канал.
Коалицијата најмногу губи поради зголемената поддршка на партијата One Nation на Полин Хенсон. Анкетата на Newspoll покажува дека пораснала поддршката на партијата One Nation во долниот дом на 6 одсто. На денот на изборите таа била 1,3 одсто. Во Квинсленд малата партија привлече 10 одсто од гласачите, што е зголемување во однос на 5,5 одсто кое го имаше во јули. Во Нов Јужен Велс и Западна Австралија, One Nation има поддршка од 6 одсто. Во истиот период поддршката кон коалицијата падна за 3,1 одсто и сега изнесува 37 одсто.
Обвиненијата од Амнести Интернешнал дека австралискиот бегалски логор Науру е „олицетворение на тортура” целосно се погрешни – тоа е ставот на австралискиот прајминистер.
Припадници на антитерористичката единица на австралиската полиција во сиднејското предградие Бенкстаун упасија двајца тинејџери, осомничени за терористички активности.
Бил Шортен има добра причина за насмевка затоа што според резултатите од последната анкета на Newspoll, Лабуристичката партија води пред Коалицијата.
Опширно истражување со ДНК анализи го потврди она во што домородните Австралијци и жителите на островот Торес Стрејт веруваа – дека се најстарата жива цивилизација на планетата.